Осомничените Божиновски и Талески смеат да водат влада и општина, а професорите од економски не смеат да предаваат

Професори и асистенти од Економскиот факултет во Скопје осомничени за примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувањата не смеат да работат и да бидат во контакт со студентите, членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски обвинетите за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој ги амнестира сите осомничени од бомбите, не смеат да патуваат во странство, а градоначалникот на Битола, осомничен за криминал со бесплатниот училишен превоз од 360 илјади евра, смее да ја води Општината од куќен притвор. И осомничениот за изборен криминал Кирил Божиновски во случајот “Титаник“, за кого СЈО побара, а судот не одобри притвор, смее и натаму да биде генерален секретар на Владата. – пишува СДК.

Судија на претходна постапка, вчера ја заврши истрагата за шестемина вработени на Економскиот факултет во Скопје кои се осомничени во случајот „Еразмус“, а денеска ќе треба да донесе решение по барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција на чело со Марко Зврлевски и Јован Илиевски дали професорите и демонстраторите ќе можат да работат во оваа студентска година.

Иако истрагата ја почна во јуни, ова обвинителство дури завчера поднесе предлог до судијата за мерка на претпазливост, забрана за активности кои се поврзани со кривичното дело за кое се осомничени, сѐ до правосилно завршување на кривичната постапка. Ако судијата денеска го послуша обвинителството на Зврлевски, тоа би значело забрана за работа над две години со оглед на спороста на судството.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e