Во однос на реакциите по објавувањето на фотографијата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети каде симболизираат двоглав орел, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи вели дека тоа е знак на идентификација дека е Албанец.
-Двоглавниот орел значи порака јас сум Албанец. И тоа е знак на идентификација, ако некому пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец тоа е негов проблем, не мој. Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ке бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец. Тоа е знак на моето знаме и ако тоа знаме е службено во употреба во Република Македонија и двоглавиот орел е во службена определба и тоа е моето право да се самоидентификувам согласно чл 48 од Уставот кој вели дека државата гарантира слобода на самоидентификација на граѓаните од етничките заедници, кажа Османи.
Вицепремиерот Бујар Османи вели дека веќе е почната примената на законот за употреба на јазиците и дека тој лично денеска ги потпишал првите документи на два јазика. Османи истакна дека очекува потешкотии во примената на законот првите денови од стапувањето на сила, но вели дека уште денеска испратил барање за странска помош и најави дека уште идниот месец ќе се одржи состанок со донаторската заедница за логистика но и за да се соберат искуства од други држави каде се применува двојазчиност или тројазичност.
-Јас денеска ги потпишав првите двојазични документи, во сабота ке седнеме да направиме акционен план со точни рокови и инстиуции што треба да се подготви, а потоа на неделна основа да го следиме тој прицес. Апсолутно да не се чувствиваат загрозени Македоницте, нема да има ниту еден документ кој во него нема да го има македонскиот јазик. Второ, ова ќе овозможи граѓаните на мајчин јазик да комуницираат со државата, ке ги зближи Албанците со државата, а тоа е целта, рече Османи.
