Владо Јовановски, те познавам можеби 30 годии како глумец и како човек, те знам и пијан и трезен.
Ти мене, како музичар. Многупати сме биле без скршен денар во себе, безброј пати, преполни со пари. Работевме заедно во исти претстави кај покоен Влатко Цветановски, ако се сеќаваш, ако Господ не ти го зел до крај паметот.
Се сеќаваш колку бевте заедно со Владо распаметени од филмот, од нашата музика за “Пред дождот” и колку ракија и вино измешани со стихови имаме испиено слушајки моја музика, зборувајки за Македонија? Денес повикуваш на војна. Јас не можам да пукам во никого, ниту во тебе, ниту во твоите деца.
Ти си спремен да пукаш во мене? Пукај бе братучед, пукај!
Фејсбук статус на Златко Ориѓански