Македонија влегува во конструктивна фаза. Ова го коментира за бугарското радио “Фокус” македонскиот политиколог и новинар Сашо Ордановски.
Според него во следните неколку дена ќе дојде до избор на претседател на парламентот на Македонија, какви што најави денес беа направени.
“Со денешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан мислам дека се става точка на една тежка епизода, долгомесечна криза во Македонија и мислам дека работите ќе тргнат веќе во позитивна насока.
Од денес започнува една друга фаза на политичкиот процес во Македонија, која ќе биде конструктивна. Ќе започне со работа обвинителот, кој се занимава со криминалните активности на Груевски и неговиот тим и реформа на сите институции кои треба да се вратат на стабилен, одговорен и демократски принцип, за да можат да функционираат како сервис на граѓаните “, коментира Сашо Ордановски .
Тој додаде дека во наредните денови се очекуваат провокации, бидејќи партиите кои одат во опозиција се подготвени на сè, за да не носат одговорност за претходни дејствија.