Оливер Спасовски ќе мора да ги чува од бегство Камчев, Мијалков и Јанакиески 24 часа дневно

ЈО побара засилен полициски надзор за сите седуммина кои во три дена беа ослободени од притвор во Шутка, почнувајќи од Орце Камчев и Цветан Панделески, па се до Кирил Божиновски и Миле Јанакиески од „Титаник“. Како ќе го организира тоа МВР е нивен домен, велат во СЈО. Мерка куќен притвор подразбира двапати во денот проверка од полицијата дали осомничениот е дома, а куќен притвор со засилен полициски надзор, подразбира 24-часовно обезбедување на секој од осомничените.

Има најави дека за два месеца овој дополнителен ангажман на полицијата ќе биде решен, бидејќи Министерството за правда и Управата за извршување санкции треба да спроведат тендер за активирање на алките за куќен притвор и куќен затвор. Неколку илјади алки се одамна пристигнати, но доцни тендерот за избор на интернет операторот за сателитско следење со Џи-Пи-Ес на притворените лица на кои задолжително ќе им бидат ставени алки, пишува СДК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e