Oколу 40 барања за амнестија за „крвавиот четврток“ – Амнесија бара и осудениот за обид за убиство на Села

Осуден на 13 ипол години затвор за обид за убиство врз Зијадин Села, сведок во 27ми април и по ново барател на амнестија. Никола Војминовски, еден од тројцата кој ја доби највисоката затворска казна по Крвавиот четврток, спасот го гледа во амнестијата. Иако законот не предвидува амнестија за делото убиство, сепак одбраната има поинаков став.

„Да, поднесено е денеска барањето и нашето видување на законот е друго, а на крај сепак судот ќе каже како е.“ – вели адвокатот. Ивица Николовски.

Сведочењето на Војминовски беше меѓу првите кои го открија неуспешниот план за прогласување на воена состојба, но и детали околу организацијата на 27ми април. Како сведок на предлог на обвинителството Војминовски тврдеше дека пратеникот Љубен Арнаудов му се јавил на телефон и барал луѓе да влегуваат во Собранието. И пратеникот Јохан Тарчуловски гледа спас во законот за амнестија. Денеска поднел барање до судот, потврди неговата одбрана. Кривичниот суд е претрупан од 40тина барања за амнестија, кои пристигнале во текот на денот. Меѓу нив е и режисерот Борис Дамовски,еден од тројцата водачите на протестите За заедничка Македонија. Иако обвинителката Вилма Русковска во тв интервју сподели лично мислење дека тие не треба да бидат амнестирани, одбраната со спротивен став:

„Јас сметам дека од сите изведени материјални докази со ниту еден конкретен доказ не може да се потврди делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и затоа очекуваме амнестија.“ – вели Рубин Двојаков – адвокат на Дамовски.

Меѓу барателите на амнестија е и оперскиот пејач Игор Дурловски. Најголем дел од барањата или 25 испратени до Кривичен суд, стигнале од најобемниот процес кој се води против 33ца обвиенти за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Останатите се од другите случаи кои се водеа за 27ми април. Иако законот не предвидува амнестија за делото убиство, барање испратил и Никола Војминовски, кој беше осуден на највисоката затворска казна од 13 ипол години. Пресудата за него гласи за обид за убиство врз Зијадин Села. Сепак Војминовски пуштил барање за амнестија денеска до судот. Рокот истекува утре, а до последен момент е неизвесно кој ќе одлучува за амнестијата на 33цата обвинети, дали судијката Добрила Кацарска или кривичен совет. Освен неизвесноста, носењето на законот донесе многу дилеми, но и го отвори патот за критики до премиерот Зоран Заев, кој се попишмани. Прво не прифаќаше никаква амнестија, за на крај да не прифати да бидат амнстирани организаторите и насилниците. Откако е стапен во сила законот, премиерот не одговори на критиките од упатените, а прашањата ги избегна и денеска.

„Ќе дадеме одговори во соодветно време“ – изјави Зоран Заев.

Законот за амнестија беше изгласан минатата недела, со поддршка од 95мина пратеници. Ниту едно од четириесетте барања за амнестија се уште не се пратени во обвинителството, кое ќе даде мислење, а на крај судот ќе одлучи дали некој заслужува да биде амнестиран или не.

Извор: 24Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e