Ова не е нормално
Џуџиња, војни, куршуми, ќосиња, предавници… мислам, јас знаев дека не е нормално, но, ова дури и од границите на ненормалното излегува.
Да сме ние роман, слика, фотографија, архитектура, песна, драмски текст… ќе бидеме класифицирани како тежок шунд и кич и секое едно дело создадено врз база на нас во Македонија, секој нормален би го пратил на студиска и научна опсервација на тим составен од врвни психијатри, социолози, психолози, бајачки, историчари, гатачки, астролози… наместо да го стави во книжарски полици, да го пушти на радио, да го одигра на штиците што живот значат, да го прикаже во галерија или да го изгради.
ПАТОЛОШКИ ПСИХО-СЛУЧАИ!!! Та и тие, та и сличните со ними, само огледално пресликани од другите страни!
Хорхе не треба да даде мандат на политичар! Хорхе треба да даде мандат на психијатар, кој единствено ќе биде задолжен за институционализирање на оваа фрик проблематика!
За нас како граѓани не е проблем, ќе го почекаме и санирањето на сивите бразди на мозоците на овие појави.
И така влада си немаме, институциите се во кома, а народот мора да живее.
Преживеал и ќе преживее зашто не беше ЛЕНКА РОДЕНА ЗА ТИЈА ПУСТИ ТУТУЊЕ!!!
Непрокопсаници!
Огнен Јанески – Фејсбук статус