(ОФИЦИЈАЛНО) СДСМ ги објави носителите на кандидатските листи за претстојните избори

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во тандем со вицепремиерката за европски прашања и доскорешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе бидат носители на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во изборната единица број еден на претстојните парламентарни избори, откако претходно социјалдемократите најавија дека ќе има двајца носители на листите во тандем маж-жена.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска се тандемот кој ќе ја предводи листата во втората изборна единица.

Листата во изборната единица три ќе ја предводи генералниот секретар Љупчо Николовски заедно со пратеничката Јагода Шахпанска.
Во изборната единица четири носител е лидерот на партијата Зоран Заев. Неговата „партнерка носител“ засега се уште не е позната и најверојатно ќе биде некој од коалицијата.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде во тандем со кординаторот на пратеничката група Јован Митревски во петката, додека во шестката носител ќе биде Билал Касами од коалициониот партнер Беса, кој исто така, до себе во кампањата ќе има носителка на листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e