„Се уважува тужбата на Градимир Јовановиќ, застапуван од адвокатот Мирослав Вујиќ по однос на оспореното решение на Комисијата за верификација на фактите за одлуката под број 07-357/1 од 27.05.2014 година“. – стои во одлуката под број 605/14 на Управниот суд.
Со ова Управниот суд ја поништи одлуката на Лустрациската комисија за новинарот во пензија, Градимир Јовановиќ, за кој комисијата тврдеше дека наводно бил соработник на тајните служби во времето на социјализмот.
Минатиот месец, Управен суд ја поништи и одлуката на Комисијата за верификација на фактите за главната и одговорна уредничка на неделникот Фокус, Јадранка Костова.