Се спрема ли Никола Груевски трајно да избега од земјата со оглед на се поизвесното формирање на влада од страна на СДСМ и со тоа отварање простор за непречено работење на СЈО. Имено, Груевски го нема на официјалната листата на важни поканети гости на Конгресот на Европската Народна партија кој ќе се одржи на Малта.
Груевски кој денеска замина во Турција, откако беше снимен на аеродромот, реагираа од партијата дека е во работен престој на Малта каде заедно со партиска делегација ќе учествувал на конгресот на Европската Народна партија. Сепак конгресот на Малта почнува за два дена, односно на 29 и 30 март, а на листата поканети гости наведени на страната на Конгресот на Народната партија е само Емил Димитриев, кој во моментов како таков е на позицијата премиер на државата и со тоа со стекнато право да биде присутен на конгресот.
Конгресот на Европската Народна партија е посветен на зачувување на иднината на Европа, со фокус на безбедносната и надворешната политика, а ќе учестуваат преку 2000 гости од над 40 земји.