На пратениците ќе им го затвореле Парламентот. Доколку и се конституираат, на ново именуваните министри нема да им било дозволено да влезат во запоседнатите кабинети, а власта немале да ја предадат се додека тие не одлучиле дека е време за тоа или во најмала рака не се распишеле нови парламентарни избори.
Имале партиски активисти кои доколку затребало биле подготвени и да се пресметуваат со „издајниците“. Ова се фрагменти од сценариото, како „патриотите“ планираат да ја одбранат унитарноста на државата, а сето тоа изрежирано и испланирано од криминогените умови на „кабаетлиите“. Нашиот народ ќе рече, „ем шуто, ем боде“. Во меѓувреме, тие протестираат, плукаат по „предавниците“ , спинуваат, хушкаат.
Неможат да разберат дека во демократските општества доколку на изборите освоите најмногу пратеници, а притоа не обезбедите парламентарно мнозинство вие станувате опозициона партија, колку и да претходно сте биле на власт и колку и да ја сакате земјата со која дотогаш сте управувале. Идејата на тие што ги с’скаат „патриотите“ е да се предизвика ескалација на настаните. Тие сакаат хаос. Тоа им е потребно затоа што само на тој начин можат да станат фактор за враќање на мирот. И само така со нив повторно ќе мора да се седне на маса и да се преговара и нели кога се преговара има и што да се договори односно отстапи.
Значи, интерес да се предизвикаат проблеми има, и затоа е потребен висок степен на разум, кај сите. Повлекувањето на Платформата во овие услови од страна на ДУИ е чин од коj ќе добие и партијата и државата. Верувам дека не е ништо пострашна од онаа што ја прифати ВМРО ДПМНЕ, но битно е да им го скрши филмот на оние кои сакаат да режираат хаос.
Со таквиот потег издишуваат сите спинувани информации, а граѓанска Македонија ќе влезе во колосекот на земји кој патуваат за Европа. Секој мудар потег со коj се избегнуват немири е добредојден колку тој и во моментов да изгледа губитнички. Врхушката во заминување се храни од хаосот, затоа што само таков развој на настаните им дава за право да поверуваат дека можат и да се извлечат, односно испазарат. Впрочем тие веќе одамна наместо власт бараат спас.
Целата колумна на д-р Крсте Шајновски за Фактор прочитајте ја тука