Одбиено е барањето на Специјално јавно обвинителство да му одреди мерка притвор на сопственикот на ,,Трансмет“ Сеад Кочан, осомничен за фалсификување на документација за тендер преку кој противправно стекнал материјална корист од неколку милиони евра.
За поранешниот раководител на Силекс Нематали Василије Авировиќ судот му забрани учество на тендери или било каков допир со документација или нејзина подготовка за учество на тендери како и контакт со одредени лица на кои може да влијае во текот на постапката.