Кривичниот совет ја одби жалбата на Специјалното обвинителство, и бизнисменот Сеад Кочан останува на слобода, пренесе Телма.
Од Кривичниот совет, велат дека се уште течат роковите за жалба, во однос на гаранцијата и мерките за претпазливост. Тоа значи дека Специјалното обвинителство сега ќе може да се жали само во однос на гаранцијата од речиси 900 илјади евра, што судот ја прифати за Кочан да се брани од слобода.
Бизнисменот Сеад Кочан е осомничен во случајот Труст, дека со фалсификувани документи добил тендер од РЕК Битола, вреден повеќе од 17 милиони евра. За адвокатот на бизнисменот нелогично е да се инсистира на притвор кога се гарантира со огромен износ од речиси милион евра. СЈО, пак, освен што се сомнева дека Кочан повторно ќе избега, смета дека тој може да го повтори делото.