Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје денеска ќе одбележи 90 години од смртта на лингвистот и политички деец Крсте Петков Мисирков (1874-1926).
Чествувањето ќе биде во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, каде што беседа за делото на Мисирков ќе одржи проф. Димитар Пандев.
– Крсте Петков Мисирков не е само кодификатор на современиот македонски литературен јазик и основоположник на современата научна историографија, туку и синоним за вековната континуирана ослободителна борба на македонскиот народ за културно-национална и државно-политичка афирмација, соопшти Библиотеката.
За поврзани вести продолжете надолу