Од вечерва врнежи од дожд, на планините снег

Времето утре ќе биде променливо облачно, од рано наутро со врнежи од дожд, на планините на запад со снег. Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд ќе има на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје од наутро со повремен дожд, а потоа со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Нови врнежи од повремен дожд ќе има од вечерните часови.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.

Следува период на претежно променливо облачно и врнежливо време. Врнежите кои утре краткотрајно ќе завршуваат до пладневните часови пообилни ќе бидат на југоистокот. Нови врнежи наместа пообилни ќе има од ноќта кон понеделник, а во вторник услови за појава на дожд ќе има во крајните западни делови. Од среда ќе е малку постудено и во тој период врнежите на планините ќе се од снег, а снег може повремено да провејува понекаде и на повисоките места. Во останатите делови врнежите ќе се од дожд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e