Главниот уредник на Сител телевизија, проф. д-р Драган Павловиќ – Латас, во вестите презентираше видео снимки од безбедносни камери на улиците до кои пристап има единствено УБК, како и снимки најверојатно од безбедносните камери на Катастарот, од бркотниците со Диме Спасов вечерта на 28 октомври.
Латас и провладините медиуми се обидуваат да го претстават Спасов како жртва преку видео кое е измонтирано за да се направи конструкцијата. Видеото е објавено на Јутјуб каналот на Сител телевизија и е насловено како „Ексклузивни снимки: На Диме Спасов му се закануваат со пиштоли“.
Сепак, и од ваквото видео се гледа како Спасов бегал од полицискиот „Дефендер“ кој се обидува да го запре на една од скопските улици, откако ја направил првата сообраќајка, односно го удрил првото возило кај Градски парк.
На крајот на монтираното видео, како што потврдуваат извори од МВР за Либертас се гледа како полицајци во цивил конечно го запираат Спасов и го легитимираат.
Спасов и за време на исказот во полиција потврдил дека и бега на полицијата, а исто така потврдил дека лицата коишто го сопреле на ул. Алжирска се легитимирале како полицајци во цивилка, дознава Либертас.
Изворите од МВР прашуваат зошто креаторите на овој, како што го нарекуваат, удбашко-полициски филм, ја исекле снимката и не оставиле до крај да се види како Спасов почнува да бега од полицијата со трчање.
Во снимката која ја пушти Латас го нема ни делот каде Спасов удира уште едно возило.
Од УБК не ги дале снимките од безбедносните камери низ Скопје на МВР за истрагата, но решиле
Ниту Спасов ниту провладините медиуми, не откриваат зошто тој возел службено возило на Агенцијата за вработување во доцните вечерни часови и зошто возач од МТСП отишол лажно да сведочи дека возел тој, а не Спасов.
Инаку, претходно денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави три прекршочни пријави за Спасов.
Извор: Либертас