Улогата што во првото ослободување на Македонија ја одигра Народноослободителната војска со своите февруарски и други походи, во ослободувањето од пред два месеца го одиграл системот “од оџа на оџа”!
Жртвувајки ги своите животи, дознаваме од бившиот премиер, муслиманските свештеници ја ширеле вистината за вмровскот окупатор и ставот дека да се биде против поробувчите е многу фенси!
Хахаха, антивмровштината е нормална позиција, став на нормалноста, идиотизмот во политиката може да биде и, всушност е тренд, но антиидиотизмот е став!
Но, јас би сакал да го прашам бившиот што во тоа време работеше системот “од поп на поп”, да не случајно тој систем беше ставен во служба на окупаторот, да не случајно поповите сугерираа дека е фенси, дури и национално одговорно да се има позитивен став или дури да се припаѓа кон монструмите од вмрото според принципот “од попот на власта и од власта на попот”!
Бранко Тричковски