Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец, при што дневната температура ќе се движи од 1 до 7 степени, додека во Скопје ќе достигне 5 степени.
Според УХМР, заладување на времето се очекува од утре и во наредните денови, кога, под влијание на студен и влажен бран, ќе биде многу студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет.
Притоа, насекаде ќе се формира нова снежна покривка, особено на планините, а заради ниските температури и засилениот ветар ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
