Обвинетите во случјаот „Диво насеље“ го бојкотираат судењето откако се одбиени предлозите на нивната одбрана да бидат изземени судечкиот совет на чело со судијката Верка Петковска, претседателот на Кривичниот суд Стојанче Рибарев и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, објави Телевизја 24.
Сите обвинети поединечно почнаа да стануваат и да зборуваат без одобрение од судијката која еден по еден ги отстрани од денешното рочиште речиси сите обвинети. Во своите искази тие велеа дека судот не сака да ја чуе вистината и дека сите нивни предлози се одбиени со цел да не се најдат организаторите на случувањата во кумановската „Диво насеље“.
Поради тоа што се отстранети речиси сите обвинети, судот даде пауза за да одлучва дали има услови да се одржи денешното рочиште.