Обвинение и за „Таргет“ во текот на следната недела

Случајот „Таргет“ во чиј што рамки се истражуваше кој го нарача масовното присушување на граѓани од тајната полиција, во неделата што следи ќе доживее обвиние. Специјалното обвинителство ќе покрене обвиниенија и за други случаи во деновите што следат, но извори за Нова  во обвинителството говорат дека меѓу нив сигурно ќе биде „Таргет“, а помеѓу обвинителите можно е да се најдат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговиот братучед и бизнисмен Сашо Мијалков.

Во времето додека се одвиваше прислушувањето на повеќе од 20,000 граѓани во рамки на неколку години во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Мијалков беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, додека Груевски беше премиер. Специјалното јавно обвинителство утврди дека Груевски не бил таргет, а го има единствено во разговорите со другите луѓе кои биле следени.

Кои луѓе биле таргет на политичкиот врв

Бинзисмени, новинари, политичари, неистомисленици, директори на јавни претпријатија, лекари, уметници, но и сомнежи за следење амбасадори, па дури и љубовници и сопруги, ова се само мал дел профилите на луѓето кои што беа прислушуни од власта. Обвинителката Ленче Ристовска кон крајот на ноември соопшти со сигурност биле следени министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Екс-министерката Гордана Јанкуловска била прислушувана 732 дена незаконски, а екс-министерот Миле Јанакиески, кој поседувал неколку броеви, бил следен 732 дена на едниот, 553 на вториот, додека 816 дена на третиот број.

Текстот во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e