Со оглед на тоа што овде се соочуваме со прилично неовообичаен говор, во кој елементите кои содржат манипулации и невистини се толку многу натрупани, што изискуваат анализа пасус по пасус, а во некои случаи и реченица по реченица со цел густите манипулации да можат да разглобат на основните елементи и да можат да се анализираат детално и сеопфатно за да не ни изгбегаат значајни поединечни ставови или збирни тврдења кои даваат поширока, во најголем дел погрешна слика.
По изборите бевме непријатно изненадени од една постизборна политичка платформа од туѓа држава. Платформата е постизборен документ изработен и потпишан во туѓа држава во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава. Содржината на платформата е надвор и од Уставот и од Охридскиот рамковен договор.
Не е точно дека платформата е „изработена“ во туѓа држава, ниту, пак, во кабинет на странски државник. Платформата е изработена од страна на ДУИ. Како што е многу добро познато и како што е објавено и во медиумите, ДУИ, како автор на овој документ почна да ги повикува и другите етнички парламентарни албански партии да го поддржат. А, посредувањето и потпишувањето во кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама не беше зашто тој или некој друг во Албанија е авторот.
Напротив, посредувањето и потпишувањето на платформата се случи во неговиот кабинет зашто БЕСА не сакаше ни да слушне да ја потпише, токму заради тоа што целата идеја за неа потекна од ДУИ, кон која БЕСА се поставува крајно конфронтативно и има изнесено редица обвинувања во повеќе наврати поврзани со учеството на најбројната етничка албанска партија во власта во изминатите 10 години.
Токму затоа ДУИ побара посредување од Еди Рама, а БЕСА се најде во ситуација да остане единствена партија која немаше да има свој потпис врз платформата и затоа мораше да попушти. Но, овде се наредени редица моменти околу патот на платформата, и тоа заедно со „изработувањето“, за да се добие впечаток на некаква „туѓост“ на документот и за него да се добие впечаток дека е комплетно странски, а следствено на тоа и непријателски. И тоа, ова се прави и покрај тоа што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јасно истакна дека средбата во Тирана е резултат на претходните одделни средби на лидерите од албанскиот блок со албанскиот премиер и оти Рама е олеснувач, но не и иницијатор и креатор на платформата. Лидерот на ДУИ потенцира дека поддршка за унапредувањето на албанското прашање во Македонија имаат и од Kосово.
Целиот текст прочитајте го тука