Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на купувањето, односно вградувањето на уредите за погон на плин или метан во возилата.
Станува збор за субвенции до 50 отсто од фактурата, но не повеќе од 18.000 денари. За оваа цел министерството има вуџет од 15 милиони денари.
„Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво. Мерката за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило има за цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздухот. Се предвидува да се субвенции од 2.000 – 3000 евра во денарска противвредност за набавка на ново возило, и во првата година се предвидува да бидат опфатени над 200- 500 возила“ – информираше министерот за економија Бектеши.
Возилото не смее да е постаро, односно произведено пред 2005 година, а повикот важу за само еден член, односно автомобил од едно семејство.
Повикот, односно рокот за поднесување на документите, е во 30 дена и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“. При тоа документацијата, односно платената фактура од регистрираниот сервис терба да биде во рамките на овој период.