Објавен e договорот на лидерите на четирите партии потписнички на договорот од Пржино.
Следи превод од договорот.
“Лидерите на четирите најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, потписници на пржинскиот договор, потврдуваат дека сите услови за оддржување на парламентарините избори во 2016, според договорот од 20 Јули 2016, се исполнети и према тоа се договорија изборите да се оддржат на 11 Декември 2016. Парламентот ќе биде распуштен според Уставот на Република Македонија”.
“Владата која ќе ги организира изборите ќе биде избрана на 2 Септември 2016, во согласност со договорот од 20 Јули 2016”.
“Госпоѓата Санта Аргирова ќе биде назначена како главен уредник (информативна редакција) на МТВ 1 на 2 Септември 2016 и ќе остане на таа позиција до завршување на изборниот процес”.
“Во однос на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ,партиите се повикуват да ја вратат методологијата од 5 Јануари 2016 и овие одредби ќе важат од 2 Септември 2016 до крајот на изборниот процес”.
“Во однос на АД ХОК телото се повикуваат да го изберат господинот Љуљзим Азири како негов петти член”.
“Лидерите исто така се обврзаа кон демократска и компетитивна изборна кампања, без насилство и заплашување и ќе осудуваат било каква вербална или некоја друга појава која ќе поттикнува насилство или заплашување”.