Новогодишно славење – некој со полна трпеза, некој со празен стомак

Додека многумина новогодишните празници ќе ги прославуваат во кругот на семејството или ќе уживаат во скапи  аранжмани и хотели  во некоја туристичка дестинација, раскажува за Фактор Благоја Бошков кој Новата година ќе ја стартува со нови маки. Бездомнички. Така е вели последниве осум години. Откако сопругата го напуштила и се развела од него и му ги зела трите деца, неговиот живот станал пекол.

“Осум години живеам по улици, две операции имам на ногата. Невладина организација ме носеше на операција. Порано работев како молер, имав пристојна работа. Почнав со  алкохолот  и се отиде наопаку. Паднав од мост и се поредив. Сега сум во количка. Многу е тешко“ – вели Благоја Бошков.

Секојдневно ги гледа минувачите како уживаат во  градските светла и прошетки, но  за него  се само  мачнина. Иако е пред нивните очи никој не го забележува.  Живее во импровизиран шатор во центарот на Скопје под мостот кај Холидеј ин, а се чувствува како да е на најпустото место на светот. Стравува како ќе ја мине зимата. Студот вели влегува во коски. Зиме му е најтешко.

Вели веќе  заборавил што значи редовен оброк и топол дом.  Борбата да преживее секој ден е се потешка и неизвесна.Во вторник и  петок го посетува пунктот за бездомници  на Црвениот крст во Момин поток, каде може да се избања и да земе топол оброк, облека.Но вели не се  живее со корка леб и паштета.

Целиот текст можете да го прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e