Новогодишна честитка од тимот на IPortal: Среќна и успешна Нова 2021година!

Изминуваат последните часови од старата 2020.година. На прагот на Новата 2021.година тимот на вашиот информативен портал „IPortal“ Ви посакува пред сѐ здравје и благосостојба, како и многу успеси, љубов и среќни моменти во претстојните 365 дена!
Искрено веруваме дека многу набрзо успешно ќе се справиме со Ковид-пандемијата која ја одбележа годинава и дека истата ќе биде своевидна лекција за сплотеност, заедништво, меѓусебна почит и помагање, во име на новите успеси и предизвици кои ги носат деновите од годината што ни доаѓа.
Истовремено се приклучуваме кон апелите за одговорно однесување и целосно почитување на мерките во периодот на новогодишните и божиќните празници.
Со искрени желби за среќна и бериќетна Нова 2021 година им се заблагодаруваме на сите наши верни читатели и ветуваме уште повеќе објективни и интересни содржини во следната година! Секагаш на страната на вистината!

Ваш IPortal

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e