Новогодишна честитка од Николовски – првиот човек на МЗШВ!

Драго ми е што во 2018 година успешно ги надминавме предизвиците и направивме многу за нашите земјоделци.

Работевме неуморно, а сите одлуки ги носевме заедно со сите засегнати страни за вистински да помогнеме, но и да овозможиме стабилен развој во секторот. Годината ја завршуваме со 200 милиони евра исплатени субвенции директно за земјоделците.

Следната година продолжуваме со реализација на капиталните инвестиции во водостопанството, а имаме и неколку активни огласи за доделување земјоделско земјиште под закуп. Со ова темпо продолжуваме да работиме и следната година.

Ви посакувам весели новогодишни и божиќни празници, многу среќа, радост и успеси! Среќна и бериќет1 на 2019 година! – посака Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот ФБ профил.

49525734_2318389028382623_6265751157604352000_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e