Ново потресно искуство на жртва на “гинекологот”

Досега невидениот скандал со серија најсурово манипулирани пациентки, што во својата крајност се реализираше со случајот на деветмесечно лажење на пациентка дека е бремена почнува да се расветлува во јавноста. Солидарно охрабрени едни од други неколку жртви на гинекологот Н. Дамчевски (сега вработен во ГАК) се охрабрија да ја споделат својата траума.

Најновата приказна е на брачна двојка до Битола која, како и во претходните случаи, била лажена дека ќе добие бебе.

Овојпат жртвите биле во долгогодишни пријателски односи со Н. Дамчевски.

-Поради неможноста за зачнување на бебе, се решивме да побараме помош. И нормално ќе побараш помош од пријател. Па така се обративме кај Николче Дамчевски – ја започна својата приказна сопругот.

Дамчевски им закажал преглед во својата ординација во Прилеп.

– Отидовме во Прилеп во еден стан во импровизирана амбуланта. Ја прегледа сопругата и ни вели: „Ај да пробаме со една инсеминација.Инсеминација ја изведе „каубојски“ за 5 минути без никаква опрема, анализи ниту документација. Ни побара 100 евра – вели сопругот за Либертас.

Поради тоа што немало резултат, инсеминација била повторна во истата „ординација“ и повторно за 100 евра.

Потоа, по неуспешната инсеминација биле повикани на инсеминација во Св. Лазар, приватаната специјализирана болница за гинекологија, акушерство и ортопедија во Скопје каде тогаш бил вработен.

– Пауза од инсеминација до инсеминација нема, секој месец инсеминација. Отидовме во Скопје во Св.Лазар пак направи инсеминација ама на дежурство во 23:00 часот. Нема документ, нема сметка. Повторно плативме 100 евра и гинеколошки преглед 1.200 денари. Ова во Св.Лазар ни го направи три пати по ред – изјави нашиот соговорник.

По  пет неуспешни Дамчевски и  рекол дека мора ин-витро, ама приватно за да не се губело време.

– Набавуваше инјекции од Бугарија по набавна цена од  515 евра. Ги прими сопругата инјекциите и дојде време за ин-витрото. Дамчевски извади осум клетки, ги оплоди и по ембриотрансверот врати два оплодени ембриони. На другите шест им се изгуби трагата. Не знаеме, можеби имаме уште шест деца кај некои брачни двојки. За сето ова ни зема 200.000 денари – вели тој.

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e