Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на претходната одлука од 26 јануари 2026 година.
Според РКЕ, на светскиот пазар цените на нафтените деривати бележат пораст: бензините за 2,433%, дизелот за 4,757%, екстра лесното масло за 3,829% и мазутот за 5,973%. Дополнително, денарот е понизок за 1,6498% во однос на доларот во споредба со претходната пресметка.
Од 3 февруари 2026 година, со почеток од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 72,00 ден/л
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 74,00 ден/л
Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 ден/л
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,00 ден/л
Мазут М-1 НС: 33,885 ден/кг
Цените на бензините остануваат непроменети, додека дизелот и екстра лесното масло се зголемуваат за 0,50 ден/л, а мазутот за 0,786 ден/кг.
РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и пониско од утврдените граници.
