Новите пратеници треба да пријават во Антикорупциска што поседуваат

Колкав имот поседуваат, хартии од вредност и побарувања и долгови треба да пријават новоизбраните пратеници до Државната комисија за актикорупција.

До крајот на месецот 120 пратеници треба да пополнат анкетни листови со содржината на нивната имотна состојба и истите да ги поднесат до Антикорупциска.

Тие податоци се обврска на секој пратеник и се информација од јавен карактер и освен податоците заштитени со закон и се објавуваат согласно со закон.

Анкетен лист, пратеникот е должен да достави и по престанокот на мандатот во рок од 30 дена, а доколку дојде до друга функција исто така има обврска да ја информира комисијата за новиот избор или именување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e