Предлогот на Вмро за одржување на нови избори на кои ќе се гласа референдумски за прифаќање или “отфрлање” на тиранската платформа е предлог за конечна поделба на Македонија по етничките линии.
Груевски и натаму спасот од одговорноста за направените криминали и злоупотреби го гледа во нови етнички мобилизации и поделби кои ќе доведат конечно до федерализација па и појава на сепаратистички тенденции и војна.
За се што смислува и планира Груевски тој сега ги обвинува Албанците, Заев и Сдсм.
Тој сака само да му докаже на светот дека е овде тој господар на војната и мирот и дека само тој додека е на власт може меѓуетничкиот мир да биде гарантиран.
По писмото на Иванов до меѓународната заедница останува само уште тој да побара референдум за промена на Уставот со цел да се укине ограничувањето на неговиот мандат како што бара Агатангел и да му се зголемат овластувањата до нивото на оние што ќе ги добие Ердоган. Нивните султански амбиции не се непознати.
Ѓорѓи Спасов