-Тука повторно се гледа јасна разлика меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ. Тие создаваат тајни, подрумски структури преку бојкотирање референдуми, координирано ширење лажни вести, шират анти-НАТО политики и таргетирано оцрнуваат индивидуи и заедници преку социјалните мрежи, а ние преку отворени и модерни дигитални решенија, транпаретно и директно ги промовираме нашите политики пред сите граѓани,вели генреалнито секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за МИА.
Ќе понудите ли некој нов пристап за да ја приближите програмата и целите на партијата, освен оној стандардниот од врата на врата и организирање митинзи?
Новиот, модерен и енергичен пристап на работа на СДСМ овозможува постојана и двонасочна комуникација со граѓаните, со сите генерации, без разлика на етничката, верска и политичка припадност.
Постојано се усовршуваме и во употребата на дигиталните технологии, во дискусијата со граѓаните преку интернет и во промоцијата на нашите политики преку социјалните мрежи. За таа цел веќе создадовме нова, модерна алатка, мобилна апликација која на активистите, членовите, волонтерите и поддржувачите на СДСМ ќе им овозможи координирана промоција на официјалните политики на нашата партија преку социјалните мрежи. Оваа дигитална алатка ја развиваме со помош на експерти за нови медиуми и дигитални комуникации, а претставува прогресивен чекор во промоцијата на понудата на СДСМ пред граѓаните, во согласност со нашата определба за постојана, отворена и директна комуникација со граѓаните и сопственото членство.
Преку апликацијата освен што нашите членови и активисти ќе се информираат за мерките и политиките, за секојдневните активности на партијата, ќе имаат можност и тие да дадат придонес во однос на пораките и мерките кои ги нудиме на јавност, а секако ќе се вклучат и во директна промоција на програмската понуда.
Тука повторно се гледа јасна разлика меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ. Тие создаваат тајни, подрумски структури преку бојкотирање референдуми, координирано ширење лажни вести, шират анти-НАТО политики и таргетирано оцрнуваат индивидуи и заедници преку социјалните мрежи, а ние преку отворени и модерни дигитални решенија, транпаретно и директно ги промовираме нашите политики пред сите граѓани. По однос на јавните комуникации, ние возиме по автопат, тие се кријат по подруми.