Николовски: Владата успешно го надоградува концептот „Едно општество за сите“

Нашето општество е изградено од граѓани со различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености кои се наше богатство, порача денеска вицепремиерот Љупчо Николовски при посетата на новите простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедницитe.

3

-Истакнавме дека европските стандарди значат еднаквост, одговорност и отчетност пред граѓаните во борбата за Едно-општество за сите, кое Владата во својот втор мандат продолжува успешно да го надоградува.Со обезбедување на просторното решение се обезбедуваат услови за функционирање на политичкиот систем и стратешките приоритети поврзани со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор и се обезбедува координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој Договор, рече Николовски.

4 2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e