Николовски: Веднаш да се исплатат субвенциите на земјоделците, а Иванов да овозможи нова одговорна Влада!

“Повикуваме веднаш да бидат исплатени субвенциите за земјоделците.

Вистинското решение и излез од кризата е сепак Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата демократска и реформска Влада.

Не да бега од државата и да ги остава на цедило и земјоделците и цела Македонија, само за да му помогне на Груевски во заштита на криминалните и продолжување на оваа криза.” – изјави на денешната прес конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

“Досегашната власт во заминување нема капацитет да работи во интерес на граѓаните.

Министерот Цветков прво се оправдуваше дека требало да се направат измени на законите.

Откако стана јасно дека тоа не поминува, сега се оправдува со оставката на директорот на Платежната агенција.

Што правеа досега Платежната агенција и министерот во заминување, за земјоделство Цветков?

Зошто субвенциите не се исплатени како што е законски во текот на 2016-та, календарска година.

Зошто не се исплатени стотици милиони евра останати субвенции од претходните години, сето тоа можеше и мораше да биде направено досега.

Станува збор за субвенции што не им се исплатени и од 2016 година, но и субвенции којшто со години наназад не се исплатени!

Ја разбираме маката на земјоделците.

Граѓаните со право си ги сакаат парите што им следуваат по закон!

Со давањето на мандатот, како што му наложува Уставот, Иванов ќе овозможи да се спроведе тоа што стои во Програмата на новата реформска Влада на граѓаните: редовни согласно нов календар субвенции и зголемени на 160 милиони.

Новата Влада веднаш ќе се зафати со решавање на прашањето на ова огромно задоцнување на исплатата на субвенциите како резултат на криминалните политики на досегашната Влада”, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e