„Стратешки и одлучно пристапуваме кон искористување на неоткриените потенцијали на Република Северна Македонија, водејќи сметка за зачувување на природното богатство и ограничените ресурси“, порачува вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 почнуваме да го живееме одржливиот развој:
-Инвестиција во вредност од 50 милиони евра за електрична централа на биомаса во Крива Паланка која ќе користи остатоци од дрво.
-Носиме вложувања во вредност од 500 милиони евра во ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија.
– Добиваме чиста енергија, ја штитиме природата и се модернизираме следејќи го трендот на современите вредности. Го поттикнуваме развојот на бизнис амбиентот, растот на инвестициите и извозот, покачување на стандардот на живеење и отварање нови работни места за граѓаните на нашата држава, сподели вицепремиерот Николовски.