Николовски и Шахпаска се носители на листата во третата изборна единица

Љупчо Николовски, екс министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен генерален секретар на СДСМ, неофицијално е носител на листата во третата изборна единица, заедно со пратеничката  Јагода Шахпанска.

Оваа изборна единица опфаќа општини од североисточна, источна и дел од централна Македонија. На парламентарните избори од оваа изборна единица се избираат дваесет пратеници за во Собранието на Северна Македонија.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев претходно најави дека на листите ќе имаат 50-50 сооднос мажи-жени, дека носители ќе бидат по двајца, маж и жена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e