Николовски: Се борите да го заштитите криминалот, но ќе дојде правда и ќе има враќање на парите во државата

– Колега Муковски, немате право да зборувате за двојазичност бидејки вие го донесовте тој закон. Немате право да зборувате за патриотизам затоа што пратеникот во првиот ред го слушнавме од “бомбите” како зборува за Горна, Долна, ваква или онаква Македонија. Но господине Муковски, јас сум тука не за да се промени уставот, не за федерализација, не за кантонизација, напротив, за она што ми е даден мандат од граѓаните, да работиме во нивен интерес, да донесеме правда, да има институции кои нема да работат во заштита на една криминална банда на власт за која што вчера слушнавме како се збогатува со нови бензински пумпи, со нови нафтени депоа, како екс премиерот на сметка на службен телефон троши три илјади евра пари на граѓаните за роаминг од Малта, рече во денешната реплика пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.

– Господине Муковски, јас бев еден од оние кои беа во институциите и совршено ми е јасно зошто се борите. Се борите да го заштитите овој криминал и да продолжите да ја пљачкате државата и народот.

Фирмата за која на денешен датум во Централен регистар може да проверите дека се води на вашиот татко а управител е вашиот брат, само за последните две години има добиено тендери од државата во износ од 4,2 милиони евра. Само една фирма на која вашиот татко е сопственик а вашиот брат е управител. Колку вакви фирми има на луѓе кои што седат тука, за колкави богатства го правите овој срам на народот и државата?! – праша Николовски.

– Почитуван Муковски, ќе дојде правда, па што сака нека е! Тука сум до крај да се борам и за Специјалното јавно обвинителство и за генерален реизбор на судии и ќе има враќање на парите во државата, но ќе има и запленување на криминално стекнатиот имот, – заврши Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e