Изјава за медиуми,
Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3
“Груевски од Македонија направи земја со најниски плати во регионот и во Европа. Токму затоа имаме сериозен план, како да се покачат платите во државата.
Спиралата на ова покачување ќе започне во април со зголемување на минималната плата, на 12.000 денари а на крајот од овај четиригодишен мандат ќе изнесува 16.000 денари. Таа ќе се однесува без исклучок и за сите вработени во индустријата за текстил, кожа и обувки.
Секој вработен во државата ќе добива минимална плата од 16.000 денари, но нашиот фокус е да ги подржиме и домашните претпријатија. Тие ќе добиваат 100 пати поголема државна финансиска помош од сегашната. До крајот на мандатот просечната плата ќе изнесува 30.000 денари, за да може во секое семејство со двајца вработени да има минимум 1000 евра или 60.000 денари приход за да може да се платат сметките, за да може да се регулираат сите трошоци, да има за живеачката, да има за облека и да има за одмор, за сите потреби на секое едно семејство.
Но покрај покачувањето на платите во приватниот сектор преку креирањето на добро платени работни места во домашниот сектор ќе го помогнеме и ќе го потикнеме покачувањето на платите и во јавниот сектор. Нема да постои наставник ни професор во државата во образованието кој што ко ќе започне со работа,а ќе има плата под просечната бруто плата во државата.
Особено ќе ставиме акцент на покачувањето на платите на секој здравствен работник во државата, секој здравствен работник во државата на крајот на мандатот ќе зема дупло поголема плата а секој специјалист плата од 100.000 денари.
На овај начин со спиралното покачување на платите во државата ќе се покачуваат и пензиите. Но тоа не, како што е виртуелното на Никола Груевски, туку реалното покачување на пензиите двапати годишно на основа на покачувањето трошоците на живот и покачувањето на платите во државата.
На овај начин ќе имаме среќни семејства, на овај начин ќе ја вратиме надежта во државата, на овај начин ќе ги задржиме младите во Македонија.
Затоа ве повикуваме на 11 Декември да одбереме, да избереме 4 за живот во Македонија”, изјави Николовски.