Агенцијата за храна и ветеринарство не може да побегне од фактот дека дозволила пијалок штетен по здравјето на граѓаните, а посебно на младите, да се најде на пазарот.
Во стручното мислење, изречно е наведено дека пијалокот ЛАМАР не е во согласност со позитивните законски прописи и претставува закана за јавното здравје, бидејќи не е безбеден по состав и содржи алкохол со висока количина на кофеин и недакларирани адитиви.
Правилникот за информациите поврзани со храната никогаш немал одложена примена, туку само е одложена примената на одредени одредби од него. Тоа јасно покажува колкаво е непознавањето и нестручноста на АХВ.
АХВ трет ден одбива да одговори, зошто не е почитувано и не е реагирано во однос на стручното лабораториско мислење и анализа, ако се знае дека примерокот е земен од нивен инспектор од граничен премин Блаце и истиот од Агенцијата е доставен до Институтот за јавно здравје?
Директорот Поповски и АХВ биле должни да превземат законски мерки.
Секогаш кога се фатени во манипулирање на јавноста, се обидуваат со небулозни реакции да го оправдаат лошото работење. – реагира дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.