Николовски: Одредени структури се плашат од носењето на Законот за ЈО

-Во овој момент за СДСМ најважно е да се овозможи функционирање на сите демократски процедури и да дојде до гласање за Законот за ЈО. Никој нема право да создаде нови блокади и опструкции, оваа држава тргна напред.  Како и за секоја друга законска постапка, односно почитување на деловникот и позитивните законски прописи, треба да се реализира така како што е нормално во една држава, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

-Опструкциите се случуваат во периодов  како резултат на заканите од одредени структури врз пратениците. Тоа значи страв на одредени структури од носење на закон кој предвидува градење на темели на правна држава, порача Николовски.

Генералниот секретар порача дека никој не смее да се дрзне да го попречи и оневозможи најбрзото и најитно гласање на Законот за ЈО затоа што е поддржан од ЕУ, САД и е темел на клучното прашање за владеењето на правото и правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e