Николовски: Одговорност ќе има за починатите пациенти од Кр.Паланка

“Сочуство до двете семејства на починатите пациенти од мојот град. За криминалните политики, раководењето на витални институции од нестручен кадар и систематското уништување на здравстврниот систем и вредностите одговорност ќе има.” – напиша на својот Фејсбук профил, Љупчо Николовски, пратеник во Собрание на Р.Македонија.

Инаку, како што информираа медиумите, во неделата на 12 март, двајца пациенти од Крива Паланка починаа на пат кон Скопје, откако возилото на Брза помош се расипало. Дефектот настанал откако ја поминале наплатната рампа кај Романовце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e