Николовски: Нема да дозволиме ниту еден вработен да има плата под 16.000 денари

Изјава за медиуми,
Љ.Николовски, носител на кандидатска листа во изборна единица 3
Облешево, 22.11.2016

Почитувани ,

Ова криминално злосторничко здружение има само една идеја – како да украде што повеќе пари од народот и како да ги префрли на сметки надвор од Македонија. Затоа денес велиме Доста!

Доста е за изнесување на нашите пари надвор од Македонија!

Нивните идеи во политиката секогаш биле само ветер и магла!

Лага е дека сегашното злосторничко здружение на власт ќе обезбеди минимална плата во државата од 14.000 денари на крајот на мандатот. Ја копираа токму и оваа мерка од програмата на СДСМ.

СДСМ и коалицијата За живот предводена од граѓаните вели дека на крајот од мандатот којшто вие ќе ни го дадете нема да дозволиме ниту еден човек во државата , ниту еден вработен да има минимална плата под 16.000 денари.

Во секој семеен буџет ќе се слева по уште една плата преку проектот за враќање на ДДВ од 15%. Предвидуваме намалување на трошоците на секое семејство се со цел повеќе пари да има во секој семеен буџет. Сите столбови од нашиот план за живот во Македонија предвидуваат враќање на парите назад кон граѓаните. Така е и кон земјоделците. Предвидуваме минимум 640 милиони евра во првите четири години за земјоделски субвенции коишто ќе бидат навремени, коишто ќе бидат редовни и којшто ќе бидат наменети за вистинските земјоделци.

На 11 декемви ќе заокружиме број 4! На 11 декември ќе одбереме живот во Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e