Министерот Николовски им порача на одгледучите на овци, дека сите овие барања ќе бидат детално разгледани и веднаш ќе се направат анализи за да се види кое од овие барања може најбрзо да се реализира.
„ Веќе работиме на нови мерки за оваа гранка. Така од следната година со Програмата за рурален развој за 2019 година планирано е зголемување на сумата за мерката „Набавка на приплоден добиток“, од постоечките 14 милиони денари на 60 милиони денари, субвенциите за предадено овчо млеко од годинешните 4 денари се зголемуваат на 4,5 денари за литар предадено млеко. И следната година во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 10 отсто ќе бидат зголемени субвенциите за сточарите со развоен потенцијал вклучително и за одгледувачите на овци“, им порача Николовски на одгледувачите на овци.
Воедно, Николовски посочи дека од 2019 година преку програмите на МЗШВ за ЈП Пасишта ќе бидат одвоени 24,5 милиони денари наменети за фотоволтаици, водопоила и корита за летните пасишта (трла) со овци, со можност оваа сума да се зголеми доколку е потребно. Од следната година ќе започне електоронско преобележување на ситниот добиток, вклучително и на овците, со што ќе се евидентира точниот број на добиток, што е важно за креирање на мерките за субвенции во овчарството.
