Руската Федерација нуди нова технологија и механизација, како поддршка за македонското земјоделство, ова беше констатирано на денешната работна средба меѓу македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостошанство Љупчо Николовски и новиот амбасадор на Руската Федерација во РМ Сергеј Баздникин.
На средбата станало збор за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, но и за останатите проекти, во делот на енергетиката, инфраструктурата, транспорт.
Николвоски го информирал амбасадорот дека е редивиран составот на работните групи во Меѓувладината комисија и се утврдуваат приоритетите за идната соработка.
Од макеоднското министерство нагласуваат дека се работи на зголемување на извозот на македонски земјоделски производи и вино преку исполнување на сите стандарди на Русија и во континуитет се дава поддршка на домашните фирми за промоција на најголемите саеми во Русија, како и Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва.
