Николовски на средба со извршниот директор на Светска банка Дејвидсе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, заедно со министрите од економскиот ресор,оствари работна средба со новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе.

На средбата се разговарало за поддршката од Светска банка во периодот 2019-2023 и за реализација на проектите од областа на економијата, вклучително и земјоделството.

-Во моментов во тек е проектот „Функционална анализа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, кој е финансиран од Европската Унија, а се спроведува од Светска банка, чијашто цел е зајакнување на капацитетите на Министерството и создавање квалитетна администрација и соработка меѓу институциите. Ова ќе значи навремени и квалитетни услуги за земјоделците и за сите граѓани. – рече Николовски.

Во следниот период со поддршка на Светска банка започнува проектот за „Модернизација на земјоделството“, којшто ќе опфати повеќе сегменти, меѓу кои поддршката за изградба на откупно-дистрибудтивни центри, што е важно за сигурен пласман на земјоделските производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e