Николовски на одбележувањето 4-децении од изградбата на хидросистемот „Стрежево“

Хидросистемот „Стрежево“ овозможува наводнување на околу 20.200 хектари во битолското поле на Пелагонија, заштита од поплави и производство на електрична енергија. – порача Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на одбележувањето 4 децении од изградбата на овој систем кој е еден од најреперзентативните капитални објекти во земјава.46945580_2297355467152646_963881435356200960_n

„Денеска одбележавме 40 години од неговата изградба. Вистинските инвестиции во водостопанството се клучни за земјоделството и севкупниот развој на секој регион. Токму ова е во фокусот на МЗШВ за следната година.“ – порача Николовски.

46766826_2297355263819333_4224138788458201088_n

„Она што е особено важни е да се истакне дека токму од тука од хидросистемот Стрежево со питка вода се снабдува Битола и околината, се наводнува Битолско поле, со технолошка вода за нашиот најголем енергетски комплекс РЕК Битола, како и останатите фабрики во Битола и околината. Со една реченица – ЈП Стрежево обезбедува живот за Битола и нејзината околина. Она што е многу битно е што ЈП Стрежево е еден од поттикнувачите и на туризмот во Битола, затоа што сите ние сме претпознатливи како битолчани по Нижеполе, по летниот и зимски центар и нормално по двата ски лифта.“ – рече генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e