Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство упати честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.
Честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, порача Николовски.
„Ден кога со гордост можеме да кажеме дека е сочуван аманетот на нашите предци. Оддавамe почит на сите претходници кои го создавале литературниот, стандарден македонски јазик, оставајќи нов аманет за идните генерации да го негуваат и унапредуваат, како темел на нашиот македонски идентитет“, истакна Николовски.