Николовски кон Јанушев: Ќе одговарате за набавката на кинеските автобуси, за автопатите, за провизиите, за Панорамското тркало…

-Ќе одговарате за набавката на кинеските автобуси, за автопатите, за провизиите, за Панорамското тркало, му порача генералниот скеретар на СДСМ Љупчо Николовски на неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во вечерашното соочување на ТВ Телма.

Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ единствено што сакаат е да собираат дневно политики поени од вакви сериозни ситуации.

-Одговорноста и правдата ќе дојат. Господине Јанушев ќе одговарате и ќе се срамите за секое злодело. Не знам дали Николовски или Јанушев е осомничен и има обвинение од обвинителството! – рече Николовски.

-Понудата која денес ја нудите е понуда напишана од Будимпешта, од Груевски, вели Николовски кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат и за незаконско финансирање на кампањи кога судството ќе се прочисти од остатоците на груевизмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e