Николовски: Ќе го одблокираме Собранието и ќе биде избрана новата реформска Влада

Одговори на новинарски прашања,
Љупчо Николовски
Скопје, 04.04.2017

Медиуми: Како планирате да се одблокира процесот во Собранието, иако од ВМРО ДПМНЕ остануваат на ставот дека имале право да постапуваат вака во Собранието, бидејќи ја имале поддршката од граѓаните за тоа. Од друга страна, пак пратениците од СДСМ бараат да продолжи дискусијата и по 18 часот. Што тоа ќе смени?

Николовски: Граѓаните на изборите на 11 декември дадоа поддршка за промени, дадоа поддршка за живот и дадоа поддршка за правдата и реформите во државата. 700.000 граѓани се изјаснија за овие крупни реформи коишто следат во државата, тоа апсолутно мнозинство во државата е преточено во 67 пратенички мандати и никој нема право да ја блокира работата и на Собранието, и никој нема право да ја блокира работата токму на ова мнозинство во Собранието, кое што е легитимно, кое што е демократско, и мнозинство кое што ќе избере претседател на Собранието, и ќе избере Влада на Република Македонија. Она што го штитат пратениците на ВМРО ДПМНЕ вчера гледаме дека се нафтени платформи, денеска гледаме дека се милионски тендери на фамилијарни фирми поврзани со врвот на ВМРО ДПМНЕ со пратениците, и со функционерите на оваа партија. Единственото нешто што го прави ВМРО ДПМНЕ е блокада на Собранието за да се затскријат криминалите во овие 10 години. Но, одговорност ќе има, правда ќе има, парите ќе ги вратат назад кон граѓаните и во Македонија ќе функционираат независни институции коишто ќе работат единствено за интерес на сите граѓани на државата.

Медиуми: Вељаноски бара да се откажете од реплики и контрареплики во интерес на времето. Би се откажале ли?

Николовски: Она на коешто повикуваме, прво е да се прекине со злоупотребата на реплики на пратеник којшто доаѓа од истата пратеничка група. Тоа е онаа блокада на Собранието, блокадата не е од процедуралните забелешки коишто се злоупотребуваат од пратениците, во овој момент, блокадата настана кога на секој говорник од ВМРО ДПМНЕ се јавуваат 50 репликанти, токму на истиот говорник, тоа е спротивно на член 89 од Деловникот, којшто вели дека репликата е единствено во случај кога има одредени недоразбирања и кога се исправа неточно изнесен наод во говорот. Не слушнавме ниту едно исправање, туку напротив согласување со сето она коешто беше изнесено. Не може на предлог којшто беше на Комисија за избори и именување, каде прв е потпишан Илија Димовски, прв е потпишан, и стои зад целите на таа Комисија којашто треба да работи, една недела да го слушаме во Парламентот токму Илија Димовски. А не слушнавме со што не се согласува, не се согласува со предлогот којшто е потпишан од негова страна. Ние, СДСМ, коалицијата За живот во Македонија, сме спремни за дебата во Собранието и во институциите, но и надвор, 10 години повикуваме на дебата, 10 години се тие ВМРО ДПМНЕ, коишто одбегнуваат и бегаат од дебата и во медиумите и со новинарите, но и со политичките противници. Но оваа седница на Собранието е свечена, оваа седница е и конститутивна, и вон здравиот разум е да се блокира на ваков начин, тоа се прави единствено за да не продолжи, односно да нефункционираат нормално независните институции т.е СЈО како прва независна институција, да нема реформи во делот на правосудството во државата, да нема генерален реизбор на судии, да ги узурпираат институциите се со цел да го штитат криминалот на фамилијата на власт. Бидете убедени дека СДСМ и нашата коалиција За живот во Македонија ќе ги искористи сите инструменти и убеден сум дека овој циркус којшто се случува во Собранието, којшто беше добро да го видат граѓаните, за да видат за какви луѓе гласале, за да направат разлика кои се луѓето кои се тука во Собранието, за да нема промена на Устав, за да нема никакви федерализации и канотнизации. Да не навлагаме во прашања за кои нема никаков договор, туку напротив, да ги спроведеме сите наши реформи единствено во интерес на граѓаните. Ќе бидете убедени дека нашите следни чекори и одлуки, ќе одат во правец на брз избор на претседател на Собранието и што побрзо формирање на реформска и демократска Влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Медиуми: Кои се тие чекори, бидејќи со овие дебати влегувате во шемата за блокирање на Собранието?

Николовски: Апсолутно не е точно дека со нашите изјаснувања во Собранието, тоа го потврдува огромниот криминал зад кој стојат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и оваа блокада. Блокадата е Парламентот е токму тоа што на конститутивна седница, за комисија за која што сме се согласиле сите, вклучително и за претседателот Илија Димовски, токму за таа точка на свечена седница се пријавени 50 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за говор и на сите тие имаме уште 50 реплики и контрареплики. Тоа е блокада на Собранието, а ние процедуралните забелешки ги користиме се со цел да и стане јасно на јавноста дека се крши и Уставот на Р.М. и Деловникот и дека ова криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да ги погази сите уставни документи и Уставот на државата, се со цел да го заштити криминалот. За сите наши чекори, јавноста ќе биде информирана веднаш штом тие бидат преземени.

Медиуми: Дали сте сигурни дека имате поддршка од политичките партии на Албанците?

Николовски: Апсолутно. 67 пратеници дадоа потписи да се одблокира Собранието, а не да се блокира. 67 пратеници, што е многу повеќе од мнозинството во Парламентот, ќе опстанат на одредбата дека мора да се деблокира Собранието, дека мора да се избере претседател и дека мора да се избере новата реформска Влада. И никој тоа демократско мнозинство во Парламентот не може да го попречи во неговата работа за она што е негова работа, за она што сме тука. Тука сме за да работиме во интерес на граѓаните и ќе ги преземеме сите чекори кои ќе значат деблокирање на Собранието, избор на претседател и избор на Влада.

Медиуми: Кога може да се очекуваат овие чекори?

Николовски: Јас кажав дека за сите ставови и одлуки веднаш штом бидат изградени како следни оперативни чекори, за делување во било која насока, јавноста како и досега за било која наша одлука или став, ќе биде инфомирана.

Медиуми: Недела, месец, година, колку ќе трае ова?

Николовски: Веднаш штом се создадат услови, веднаш штом како коалиција, како потписници на документот преку кој бараме деблокирање на СОбранието, како документ со потписи од 67 пратеници со кој побаравме избор на Комисија за прашања на избор и именувања, веднаш ќе ја информираме јавноста за начинот како ќе ја одблокираме работата на Собранието и институциите во државата. Јас сум убеден дека граѓаните не можат повеќе да трпат, нивното трпение е при крај. Граѓаните губат од секојдневната дебата и трошењето на народни пари, но губат и во мерките, реформите, законите за кои сме обврзани да работиме тука. Меѓу другото и за младите и за земјоделците и за сите граѓани реформи. И верувајте дека нема долго да трпиме еден ваков терор врз институцијата Собрание од било која страна. Ќе направиме се што е во наша моќ, за да се деблокира Собранието, да работи нормално, да функционира и да формираме нова реформска и демократска Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e