Изјава за медиуми
Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ3
Скопје 02.12.2016
Институциите мора да работат единствено во функција на ѓраганите.
Ќе создадеме квалитетно образование, кое што ќе нуди квалитет а не квантитет. Ќе покренеме веднаш јавна расправа и дебата за суштински и крупни реформи во образованието.
Екстерното тестирање ќе го укинеме, затоа што е непотребно. Ќе го намалиме бројот на часовите на децата. Ќе го намалиме бројот на предметите. Паралелките ќе бројат 25 а не 40 деца и ученици. Ќе ги укинеме сите казни за наставниците и во целокупното образование. Наместо казни ќе воведеме мотив и награди за најуспешните и најдобрите наставници.
Во најдорите 50 основни училишта и во најдобрите 10 стручни, вработените и наставниците ќе добиваат, во следните 12 месеци 20%, поголема плата, како награда и мотив за квалитетното образование.
Ќе воведеме плурализам во студенското образование, ќе создадеме ќе изградиме нови студенски градови, во Скопје, во Битола и во Штип.
Непотребните административни формални и бирократски процедури со кои се оптеретени вработените, наставните, професорите, ќе ги укинеме и ќе ги елиминираме, за да можат да се посветат во квалитетот на образованието. Нашиот фокус ќе биде развој на средните стручни училишта, заедно во партнерсто во приватниот сектор.
Токму во периодот што следи ќе ја вратиме и цврсто ќе застанеме зад автономијата на универзитетите. Потребна ни е на сите нас промена, сеопфатна и крупна во целокупниот образовен процес.
Токму затоа повикуваме гласајте за бројот четири, за да имаме обраование кое што учи, за да имаме инстутуции кои што работат единствено во функција на ѓраганите.