Николовски: Доколку опозицијата продолжи да опструира, можно е ново парламентарно мнозинство и редовни избори

-Ние бараме фер шанса и во целокупниот процес сме конструктивни и се држиме до принципите. Фер амбиент да се дојде до гласање на законите, а не да не опстуираат со илјадници амандмани, со уцени, закани кон пратеници со недемократски инструменти. Доколку не изгласаат сметам дека сите знаат дека математиката говори да се формира ново парламентарно мнозинство и да имаме редовни избори. Ние не би сакале да дојде до тоа, но доколку продолжи оваа тортура и доколку излезе на виделина скриено сценарио во кое се прави се да се опструира правдата, за да се вратиме назад, да нема одговорност… шансите за ново парламентарно мнозинство се на маса, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e